Турските уметници бараат да престане поларизацијата на општеството

Од:

Турските уметници, новинари и писатели, меѓукои и добитникот на Нобеловата награда Орхан Памук во отворено писмо бараат од Владата во Анкара да престане да го дели народот и да ја поларизира земјата.

– Загрижени сме. Реториката од типот „вие против нас“ ја интензивира поларизацијата во општеството, предупредуваат уметниците и бараат да престанат притисоците.

Протестите почнаа на 31 мај во Истанбул поради плановите за реконструкција на паркот Гези, а набрзо прераснаа во антивладини демонстрации ширум Турција.

Премиерот Реџеп Таип Ердоган остро ги критикуваше демонстрантите, вклучително и уметниците, нарекувајќи ги „маргинална група“.

Аналитичарите наведуваат дека Ердоган ги поттикнал тензиите со тоа што ги омаловажил демонстрантите, претежно млади, образовани луѓе од средна класа, при што ги наречи „крадци“ или наивни деца манипулирани од терористите.

Ердоган ги зголеми тензиите и со тоа што организира контрапротести изјавувајќи дека „наредби прима само од Бог“.

За време на антивладините протести во Турција загинаа четири лица, а приближно 8.000 се повредени.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски