Турските сили уништиле 12 позиции на ПКК во северен Ирак

Од:

Турските вооружени сили извршиле воздушна операција врз местата Харкукм Синат-Хафтанин, Зап и Метина кои се наоѓаат во северниот дел на Ирак, при што се уништени 12 позиции на терористичката организација Курдска работничка партија (ПКК), јави агенцијата Анадолија.

Во соопштението на Турските вооружени сили се наведува дека е извршена воздушна операција врз припадниците на сепаратистичката терористичка организација ПКК кои се подготовувале за напад врз турските трупи во местата Харкук, Синат-Хафтанин, Зап и Метина во северниот дел на Ирак.

Според соопштеното, во рамките на операцијата уништени се 12 позиции кои биле користени како засолништа и складишта за оружје.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он