Турските граѓани со нови лични карти

Од:

Турските граѓани ќе добијат нови лични карти, кои ќе ги замената старите хартиени докумнети за лична идентификација, воведени во 1976 година, кои беа во две бои – розова за жените и сини за мажите.

Новиот турски документ за лична идентификација ќе биде изработен од поликарбонат во вид на кредитна картичка, ќе содржи биометриски податоци и чип во кој ќе бидат сместени информации за, банкарски сметки, осигурување, како и информации за здравствената состојба на граѓаните.

Тие, исто така, ќе содражат и отпечатоци од прстите, со цел да се спречи можна злоупотреба и обид за изработка на фалсикувана лична карта.

Првите десет милиони лични карти веќе се отпечатени и се очекува до крајот на оваа година околу два милиони Турци да ги заменат старите документи за идентификација со нови.

Замената на личните карти на сите граѓани на Турција се очекува целосно да биде изврешена  во селедниве три години.

Инаку цената на новиот документ за лична идентификација чини 18 турски лири (6,3 евра).

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски