Турскиот претседател Ердоган во посета на Тирана

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претпладнево ќе допатува во официјална посета на Албанија, јави дописникот на МИА од Тирана.

Заедно со Ердоган ќе бидат и стотина бизнисмени кои ќе учествуваат на заеднички албанско-турски еконмски форум.

Првата среба Ердоган ќе ја има со својот домаќин, претседателот Бујар Нишани а околу 14 часот ќе одржат заедничка прес-конференција.

Попладне ќе има средба со премиерот Еди Рама, како и со претседателот на парламентот Илир Мета.

Посетата се остварува точно по една година, кога најавената посета на Ердоган за 13 мај 2014 беше одложена поради рударската несреќа во Турција, во која загинаа 200 рудари.

Премиерот Рама неодамна на економски форум во Истанбул ги повика турските инвеститори да инвестираат во Албанија во пет приоритети: енергија, нафта, рударство, туризам и земјоделство.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он