Турскиот премиер го осуди расизмот во Европа

Од:

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу остро ја осуди резолуцијата на Европскиот парламент, која од неговата земја бара да го признае „ерменскиот геноцид“ во 1915 година, додавајќи дека таа симболизира зголемување на „расизмот“ во Европа.

– Ако сака да придонесе за мир, ЕП не треба да носи одлуки кои поттикнуваат на омраза кон некоја религија или етничка група, истакна Давутоглу.

Според него, ова прашање ги надминува турско-ерменското односи. – Ова е нов знак на расизам во Европа, додаде Давутоглу.

Шефот на турската Влада го осуди присуството на националистички пратеници и пратеници од екстремната десница во Европарламентот.

– Сите маргинални групи успеаја да имаат места во ЕП, изрази жалење Давутоглу.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски