Турски Универзитет ја објави дипломата на Ердоган

Од:

Турскиот универзитет „Мармара“ ги демантира тврдењата дека премиерот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган го нема неопходното високо образование за да се кандидира за претседател на земјата.

Како што објави провладиниот весник „Хуриет“, Универзитетот објави соопштение, кое е придружено со копија од дипломата на Ердоган.

Во соопштението се посочува дека Ердоган завршил четиригодишни студии во Високата школа за економски и трговски науки при Истанбулската академија за економски и трговски науки.

– Подоцна таа Висока школа се трансформираше во Факултет за трговски науки на Универзитетот „Мармара“, појасни ректорот професор Зафер Ѓул.

diplomaErdogan

Спорот се појави поради тврдењата на претставник на опозицијата дека Ердоган не може да се кандидира за претседател, бидејќи не завршил четиригодишно високо образование.

Заменик-претседателот на парламентарната група на Партијата на националистичка акција (МХП), Јусуф Халачоглу изјави дека во времето кога Ердоган завршил студии, факултетот не бил формиран, туку имало академија со тригодишна обука.

– Затоа Ердоган не може да биде кандидат за претседател, изјави Халачоглу, појаснувајќи дека според турскиот Устав, кандидатите за функцијата треба да имаат завршено најмалку четиригодишно високо образование.

Академијата за економски и административни науки, која ја завршил Ердоган, станала Факултет по 1980 година, истакна Халачоглу, кој го повика премиерот да ја покаже дипломата, за да докаже дека ги исполнува уставните барања.

Ердоган се уште не ги објавил отворено намерите да се кандидира за претседател на претстојните избори на 10 август, но во јавноста се зборува дека тој ќе биде кандидатот на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП).

Би можело да ве интересира

Вооружена пресметка меѓу две групи во Турција: Три лица загинаа

Горан Наумовски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица