Турски суд одлучи тројцата осомничени за нападот во Истанбул да останат во притвор

Од:

Турскиот суд одлучи вчера тројцата осомничени за нападот во Истанбул во вторникот, во кој беа убиени 11 лица, да останат во притвор, додека трае истрагата против нив, јавија турски медиуми.

Против едниот од нив е покренато обвинение за убиство со предумисла и за членство во вооружена терористичка организација, а против другите двајца за членство во вооружена терористичка организација.

Не е прецизирано каква улога имале тројцата во нападот против полицискиот автомобил, во кој беа убиени шест полицајци и петмина цивили.

Одговорноста за нападот ја презеде групацијата „Јастреби за слобода на Курдистан“, за која се смета дека произлегла од Курдската работничка партија (ПКК).

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски