Турски дипломати бараат азил во Германија

Од:

 Најмалку тројца турски дипломати побарале азил од германската влада по обидот за државен удар на 15 јули во Турција, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Според информациите што ги објавуваат неколку германски медиуми, меѓу тие што побарале азил е и военото аташе во турската амбасада во Берлин полковникот Ајхан Дагли, кој по обидот за пуч исчезнал заедно со својата сопруга.

Барањата за азил се поднесени откако турските власти ја укинаа важноста на стотици дипломатски пасоши во обид да ги изолираат дипломатите осомничени за поврзаност со военото крило на турската армија која што се обиде да ја преземе власта во Турција.
Анкара ги прогласила за невалидни пасошите на осум свои дипломати во Германија, а носителите ги сомничи за поврзаност со организацијата на Фетулах Ѓулен кого Ердоган го смета за организатор на обидот за воениот пуч.

Германските медиуми цитираат владини извори кои не исклучуваат дека бројот на баратели на азил меѓу турските дипломати во Германија може да биде поголем од тројцата досега потврдени.

Според Сојузната агенција за миграции и бегалци, турските дипломати се уште не добиле одговор дали ќе добијат азил, затоа што за одлуката ќе биде потребен подолг период, пишува весникот „Зи Дојче Цајтунг“ кој тврди дека Турција се уште молчи за своите дипломати коишто имаат имунитет од депортација.

Информацијата за турските дипломати кои побарале азил во Германија се случува откако Турција и Германија по четири месеци дипломатски конфликти, направија чекор напред во подобрување на односите.

Конфликтот почна во јуни кога по резолуцијата во Бундестагот за геноцидот врз Ерменците во првата светска војна од страна на Отоманската империја, Турција го повлече својот амбасадот во Берлин. Амбасадорот вчера се врати на својата фуннкција во Берлин, а во знак на добра волја, во средата Анкара дозволи германски пратеници да ги посетат своите војници во базата Инџирлик.

Дел од германските медиуми очекуваат Турција да поднесе барање до Германија за депортација на нејзините дипломати, коишто според Анкара се прекршители на законот, со што повторно може да се влошат односите меѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски