Турската Влада разгледува можност за одлагање на парламентарните избори

Од:

Турската Влада ја разгледува можноста за одлaгање за неколку месеци на парламентарните избори, кои засега се закажни за 7. јуни 2015 година, пишува весникот „Хуриет Дејли Њуз“.

Разговорите за ова прашање, додава весникот, кои сега се водат на внатрешнопартиско ниво, ќе бидат зајакнати по дебатите за буџетот во Парламентот во декември.

Владејачката Партија на правдата и развојот размислува претстојните избори да бидат одложени за април или мај 2016 година, што ќе зависи од политичкиот и економскиот развој.

Извори на весникот изјавија дека пред се станува збор за кризата во Ирак и во Сирија и негативните последици од конфликтите во регионот, како главна причина за презакажување на изборите.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски