Турската Влада ќе содаде орган што ќе се занимава со курдското прашање

Од:

Турската Влада планира да создаде нов орган, што подобро ќе го координира процесот, насочен кон решавање на курдскиот проблем во земјата, изјави турскиот премиер Булент Аранч, јави БТА.

По седницата на кабинетот вицепремиерот изјави дека советот за координирање на курдското прашање ќе биде со две одделенија – комитет за мировен процес и комисии за координирање.

Задача на комисиите ќе биде да изготват планови за дејствие, а комитетот ќе носи решенија врз основа на нивните предлози и ќе го координира процесот.

Премиерот Ахмет Давутоглу ќе биде претседател на новиот орган, во кој членови ќе бидат вицепремиерите и министрите за внатрешни и за надворешни работи, правда, одбрана, началникот на разузнавањето.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски