Турската полиција со солзавец, гумени куршими и водени топови го растури протестот во Сома

Од:

Турската полиција употреби солзавец и гумени куршуми против околу 10.000 лица кои демонстрираа во Сома, градот во кој се случи рударската несреќа, во кои загинаа над 300 рудари.

Насобраниот народ извикуваше пароли „Влада – оставка“ и „Сома не спиј, не ги заборавај рударите“.

Тие ги одбија барањата на полицијата да се разотидат и на тоа одговорија со фрлање на камења кон полицајците, кои возвратија со солзавец, водени топови и гумени куршуми.

Најмалку пет лица, меѓу кои и двајца полицајци, се повредени во судирите.

Рударската несреќа предизвика незадоволство против исламско-конзервативната Влада на премиеропт Реџеп Тајип Ердоган, која е обвинета за небрежност.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски