Турската полиција ги уапси напаѓачите на автобусот на Фенербахче

Од:

Турската полиција рано изутринава уапси две лица осомничени за нападот врз автобусот што ги превезуваше фудбалерите на Фенербахче, изјави градоначалникот на Трабзон, Абдил Челил Оз.

Тој истакна дека еден од напаѓачите го следел конвојот, додека другиот отворил оган кон автобусот.

Нападот, во кој е повреден возачот, се случи во саботата додека играчите се враќаа во Истанбул по победничкото гостување кај Ризеспор.

Фудбалскиот клуб Фенербахче соопшти дека нема да игра додека не се реши случајот со вооружениот напад врз нивниот тим.

Во меѓувреме реагираше и раководството на Лигата, кое по состанокот со министерот за спорт Акиф Чагатај Килич одлучи да го суспендира турскиот шампионат и натпреварите од националниот куп.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски