Турска асоцијација побара прекин на фестивал за танго, сметаат дека тоа е „развратно“

Од:

Турска асоцијација побара од локални власти во јужниот округ Адана да го прекинат фестивалот за танго, оквалификувајќи го танцот како – „разврат со нозете“, објавија турски медиуми.

Асоцијацијата Услу Адана Платформу, ја повика општина Адана да го прекине фестивалот за танго што почна на 23 октомври и се уште трае.

– Фестивалот покажува разврат преку физичка близина, и тоа нема ништо заедничко со нашата религија и култура, се вели во соопштение од Асоцијацијата.

– Тој еротски танц ги поттикнува луѓето на грев. Тој разврат со нозете може да има свои приврзаници, но такви одбивни работи не треба да имаат свое место во општеството, се додава во соопштението од Услу Адана Платформу.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски