„Туркиш Ерлајнс“ откажа 116 летови од Истанбул

Од:

Во очекување на обилни снежи врнежи во реонот на Истанбул, турскиот национален авиопревозник „Туркиш Ерлајнс“ откажа вкупно 116 летови од и кон истанбулските аеродроми „Ататурк“ и „Сабиха Ѓокчен“, што беа планирани за денеска и за утре.

Според електронското издание на весникот „Хуриет“, сите патници кои денеска и утре требало да патуваат со авионите на „Туркиш Ерлајнс“ од или кон Истанбул, подетални информации за откажувањата може да добијат на веб страницата на авиокомпанијата.

Поради лошите временски услови во Истанбул, локалните власти објавија и дека во прекин ќе биде и сообраќајот на чамците и тракетите преку Босфорот, кои ги поврзуваат европскиот и азискиот дел на градот.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски