Туристи од Ќустендил одбиле да патуваат во Скопје оти се плашеле од каменување

Од:

Туристичкото друштво „Осогово“ од Ќустендил го откажа патувањето во Македонија и Скопје поради наводно тензичната ситуација и односот кон Бугарите, соопшти бугарското национално радио БНТ.

Претседателот на компанијата Христо Абаџиев ја потврди информацијата, велејќи дека на еден дел од групата им се вратени парите, а друг дел е однесен во Кремиковскиот манастир и знаменитостите кај Софија.

Екскурзијата на туристичката компанија беше откажана пред неколку дена по коментарите дека имало случаи на фрлање камења врз автобуси со бугарски туристи во Македонија. Да се патува до Крива Паланка, но понатаму биле можни вакви инциденти.

Нема официјални информации за такво однесување кон бугарските туристи, коментарите се меѓу бугарските тур-оператори.

„Граѓаниоте на Ќустендел кои имаат роднини, пријатели, роднини во Северна Македонија велат дека односот кон Бугарите со двојно државјанство не е добар – благо кажано“, пренесе БНР.

Би можело да ве интересира

Жена загина во Неапол кога врз неа паднала статуа од балкон

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Бројот на туристи лани зголемен за 20.6% во споредба со 2022 година

Македонците од Албанија за пописот: Од кога сме родени знаеме што сме, Бугари ниту имало ниту ќе има

А1он

„Фашисти, евтини бугарски проститутки“: Навредите кон македонските Бугари влегоа во извештајот на Европската комисија

A1on

Во пресрет на пописот во Албанија: Јотова ќе се сретне со Бугари во Голо Брдо кое е населено само од Македонци

A1on