Турција воведе финансиски санкции за лица и организации поврзани со Ал Каеда

Од:

Турција воведе финансиски санкции за околу 350 луѓе и за десетици организации кои Советот за безбедност на Обединете нации ги стави на црната листа поради поврзаност со Ал Каеда или со талибанците.

Со финансиките санкции предвидено е да биде замрзнат каков било имот што индивидуите или групите би можеле да ги имаат во Турција.

Санкциите се воведени во моментот кога Турција е обвинета за поддршка на групи поврзани со Ал Каеда, кои организираат напади врз режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад. Турција негира дека поддржува такви групи.

Претходно, турскиот министер за внатрешни работи Муамер Гулер изјави дека во 104 полициски акции уапсени се 129 луѓе поврзани со Ал Каеда. Тој е изнесе повеќе детали.

Екстремисти поврзани во Ал Каеда извршија напади во 2003 година во Истанбул, при што загинаа 58 луѓе.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски