Турција рекордер во светот според бројот на новинари кои се во затвор

Од:

Турција е рекордер во светот според бројот на новинари, кои се во затвор, покажува истражувањето на Националниот сојуз на новинари – синдикат на медиумските работници од Велика Британија и Ирска.
Според истражувањето на почетокот на 2013 година во затворите во светот најмногу новинари имало во Турција.

Националниот сојуз на новинари планира да го привлече вниманието кон тој факт преку серија форуми на тема медиумските слободи во Турција, кои ќе се одржат на 3 мај – датум кој е прогласен за Светски ден на слободата на печатот.

Освен тоа синдикатот на британските и ирските новинари ќе ја поддржи кампањата, која ја води Европската федерација на новинарите за ослободување на сите новинари во Турција.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски