Турција очекува 16 милијарди долари приходи од изградбата на двете нуклеарки

Од:

Турската индустрија ќе има приходи од 16 милијарди долари од реализацијата на проектите за изградба на двете нуклерани централи во Турција, изјави турскиот министер за енергетика Танер Јилдиз.

Во интервју за агенцијата Анадолија, Јилдиз нагласи дека турската индустрија при реализацијата на овие два проекти ќе може да учествува како во самата нивна изградба, така и во обезбедувањето на машини, опрема и електрични компоненти.

– Нашите анализи покажуваат дека во моментов постојат 460 турски компании кои можат да понудат стоки или услуги при изградбата на нуклеарните централи, изјави Јилдиз.

Според него, во процесот за изградба и опремување на двете нуклераки би биле ангажирани околу 20.000 работници, од кои 80 проценти би биле од Турција.

Јилдиз потенцира дека по изградбата на двете нуклеарки, Турција ќе може да заштеди 7,2 милијарди долари годишно што сега ги троши за увоз на природен гас за потребите на домашните термоцентрали.

Во 2011 година Турција потпиша договор со руската енергетска компанија „Росатом“ за изградба на нуклеарна централа на брегот на Средоземното Море во округот Мерсин. Покрај оваа, во соработка со француско-јапонски конзорциум, Анкара планира да изгради и втора нуклеарка кај градот Синоп на Црното Море.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски