Турција ќе ги продолжи преговорите за мирно надминување на курдскиот проблем

Од:

Шефот на турското разузнавање МИТ, Хакан Фидан во затворот на островот Имрали се сретнал со лидерот на Курдската работничка партија (ПКК) Абдула Оџалан за да го увери во волјата на Владата на Турција за продолжување на преговорите за мирно надминување на курдскиот проблем, информираат турските медиуми.

Турскиот вицепремиер Бешир Аталај соопшти дека средбата се оддржала во петокот на островот Имрали, каде Оџалан од 1999 година издржува доживотна затворска казна.

Весникот „Џумхуриет“ пишува дека за време на средбата на Оџалан му била пренесена пораката од премиерот Реџеп Тајип Ердоган, кој на 10 август беше избран за нов турски претседател, дека за време на неговиот претседателски мандат тој ќе го продолжи мировниот процес со ПКК.

Ердоган ветува дека и на претседателската функција ќе ја заддржи контролата врз управувањето со земјата, засилувајќи ги надлежностите на претседателот во однос на оние на премиерот и Владата.

Аталај вчера изрази поддршка за отпочнување директни преговори меѓу турската Влада и военото раководството на ПКК, кое е стационирано во планината Кандил во северен Ирак.

Турските власти веќе неколку месеци се обидуваат да го обноват процесот за мирно решавање на курдскиот проблем, што во моментов е блокиран.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски