Турција: Киднапираат деца од улица, па ги продаваат како војници

Од:

Во Турција последниве пет години е пријавено исчезнување на повеќе од 14.000 деца, пренесуваат медиумите. Од главната команда на турската жандармерија, соопштуваат дека киднаперите, ги продаваат децата како работна сила и војници, но се сомневаат и дека жртвите доспеваат во раце на илегални трговци со органи.

Џевхер Купсиј вели дека неговиот син Бајрам исчезнал пред седум години, додека се играл во дворот пред нивната куќа.

-Сакавме да си заминеме од тука. Но што ако нашето момче еден ден се врати овде- изјави Џевхер.

Родителите на Бајрам сметаат дека полицијата не ја извршила истрагата како што треба и дека во потрага по нивниот син не биле вклучени ниту кучиња трагачи. Со цел да ги предупредат другите родители за опасноста која постои, членовите на семејствата на исчезнатите деца формирале здружение.

Зафер Озбилиџи кој е еден од основачите на здружението, вели дека на почеток тие сами ги барале исчезнатите роднини.

-Во Турција постои илегална трансплантација на органи, а има и мафија која тргува со органите на киднапираните лица. Единствено што полицијата и правосудството се уште немаат јасни докази за тоа- рече Озбилиџи.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски