Турција ја забрани работата на 370 невладини организации

Од:

Турција ја забрани активноста на 370 невладини организации, вклучувајќи ги и оние за заштита на човековите права и децата, заради нивна наводна поврзаност со тероризмот, одлучи Министерството за внатрешни работи, а денеска образложи заменик турскиот премиер, Нуман Куртулмуш.

-Овие организации не се згаснати, туку се суспендирани. Постојат силни докази дека се поврзани со терористички организации, рече Куртулмуш.

Турција, како што додаде, се бори против тероризмот на повеќе различни фронтови.

-Се обидуваме да ги исчистиме државните институции од ѓуленисти. Во исто време се бориме против курдските екстремисти и со Исламска држава, рече Куртулумуш, пренесуваат британските медиуми.

Од споменатите 370 организации, 153 се осомничени за врски со движењето на Фетула Ѓулен, 190 со Курдската работничка партија, 19 со левичарската милитантна група ДХКП-Ц, а осум со Исламска држава, прецизира Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски