Турција го одбележува Денот на националниот суверенитет и турските деца

Од:

Турција денеска го празнува Денот на националниот суверенитет и турските деца. Денот ќе биде одбележан со разни манифестации низ цела Турција и во Турска Република Северен Кипар, признаена единствено од Анкара.

Празникот ќе биде одбележан во сите турски училишта, како и во амбасадите на Турција.

Премиерот Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Парламентот Џемил Чичек, опозициските лидери и некои министри утрово го посетија мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на Турската Република.

На денешен ден пред 94 години почна со работа Големото национално собрание на Турција. Традиционално се одржува свечана седница на Парламенентот, а се организира и голем прием.

Предвидено е Ердоган во својата резиденција да прими деца и симболично да ја отстапи функцијата на учениците за време на посетата.

Децата од целиот свет се поканети во Турција да учествуваат во одбележување на празникот.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски