Турција дополнително порача уште четири Ф-35

Од:

Турција одлучи да направи дополнителна порачка за уште 4 воени авиони Ф-35 од американската компанија Локхид Мартин. Предвидено е Турција да купи 100 воени авиони Ф-35.

– Ние веќе орачавме два од нив. Сега одлучивме да порачаме уште четири, изјави турскиот премиер Ахмед Давутоглу по средба со Секретаријатот за одбрана.

Вкупната сума на договорот е 16 милијарди долари.

Програмата за Ф-35 во која Турција учествува заедно со уште осум држави плус САД, ги надмина првичните расходи и стана најскапата воена програма во историјата на Пентагон.

Турскиот премиер додаде дека продолжуваат преговорите за купување ракети земја-воздух со голем дострел, договор кој е вреден речиси три милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски