Турчинките доаѓаат во Сараево на ноќевање и абортус

Од:

Туристичка компанија од Истанубул во својата понуда воведе нов вид туристичка посета на Сараево, нудејќи покрај разгледувањето на главниот град на Босна и Херцеговина – абортус.

За цена од 600 американски долари, агенцијата „Barracuda Tour Company” од пред седмици на заинтересираните им нуди четири дена престој во Сараево, три ноќевања и абортус во една приватна сараевска клиника.

Џем Палатоглу, сопственик на турската туристичка агенција за „Независне новине“ потврди дека во изминатите 15 дена, 16 пациентки се решиле на ваков аранжман во БиХ, а оваа земја е само една од дестинациите во коишто се нуди ваквиот пакет-аранжман.

Извршувањето абортус во Турција, инаку, не е незаконски, иако за тоа веќе е отворена јавна расправа во земјата.

Мотивите коишто младите турски жени сепак ги тераат да ги вршат абортусите во странство се поврзани со опкружувањето во коишто живеат и општествените стереотипи со коишто се соочуваат во последните години во Турција.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени