Тројазичен интернет весник „Македониум” објавија Македонците во Албанија

Од:

Македонците во Албанија го објавија интернет весникот „Македониум” на македонски, албански и англиски јазик, прв од ваков вид во земјата.

Потребата од издавање на тројазичен интернет весник произлезе од фактот што Македонците во Албаниија официјално се признати само во Мала Преспа и селото Врбник во околијата Девол и само тука се изучува македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, додека Македонците што живеат во областите Голо Брдо и Гора, како и во повеќе градови во Албанија не го изучуваат македонскиот јазик во школите и покрај тоа што го говорат.

Весникот ќе се печати еднаш месечно во тираж од 1.000 примероци. Ќе изобилува со информативни содржини од животот, работата и положбата на Македонците во Албанија. Тој е достапен за целокупната јавност на веб страницата www.makedoniym.net.

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски