Триесет и пет лица се уапсени во Истанбул во рамки на голема операција против џихадистичката групација Исламска држава, јави приватната турска телевизија НТВ.
Екипи на полицијата за борба против тероризмот извршиле истовремено рации на над 40 различни адреси во истанбулските квртови Пендик и Султанбејли.
При извршувањето на претресите се одземени муниција, документи на организацијата и маскирни униформи.
Уапсените се одведени во Службата на полицијата за борба против тероризмот.