Трамп испрати писмо и до Вучиќ

Од:

Кабинетот на шеф на српската држава денеска го објави писмото на американскиот претседател Доналд Трамп до Александар Вучиќ, кое е речиси идентиочно со писмото испратено и до косовскиот претседател Хашим Тачи.

Трамп во писмото до Вучиќ изразува задоволство од средбата во Париз за време на прославата на Денот на примирјето.

– САД го ценат вашето лидерство, особено во обезбедувањето целосна нормализација на односите со Косово. Со оглед на тоа што влегувате во последната фаза на договорот со Косово, што ќе доведе до долго посакуваниот мир во регионот, јас ве охрабруваме да го искористите предностите на овој момент и да го употребите вашето политичко лидерство за донесување одлуки кои ќе ги задоволат интересите на двете земји. Би била голема штета да ја пропуштајте оваа единствена можност за мир, безбедност и економски раст, се посочува во писмото на американскиот до српскиот претседател.

Трамп апелира до двете страни да постигнат договор за нормализација што е можно побрзо.

– Мирните и продуктивни односи меѓу Србија и Косово ќе бидат пресвртница за регионот. САД се подготвени да помогнат во тоа, наведува Трамп.

Писмото завршува со пораката дека „Таквиот договор е на дофат на раката. Ќе ми биде драго да ве угостам, Вас и претседателот Хашим Тачи во Белата куќа за да го прославиме она што претставува историски договор“.

Би можело да ве интересира

Цвијановиќ ги повика Хрватска и Србија да одржат нови преговори за Дејтон

ЕУ подготвува жесток одговор на американските царини

Горан Наумовски

Што сака Украина да постигне со мировните преговори во Саудиска Арабија

Катерина Ѓуровски

Не ни требаат вашите автомобили, дрво и нафта, набрзо ќе видите – Трамп им се закани на Канаѓаните

Гренланд утре оди на клучни избори

(ВИДЕО) Трамп: Украина може да не преживее дури и со американска помош

Катерина Ѓуровски