Трамп бара од Вучиќ да го признае Косово

Од:

Како главен услов за натамошни преговори помеѓу Белград и Приштина, претседателот на САД, Доналд Трамп го поставил признавањето на Косово од страна на Србија, пренесува српски Блиц.

Тоа била и пораката која пред десетина дена му била пренесен на српскиот претседател Александар Вучиќ и тоа преку специјалниот пратеник за дијалогот меѓу Приштина и Белград, Ричард Гренел.

Според српски „Блиц“, при посетата во Белград, Ричард Гренел му кажал на Вучиќ дека САД ќе бараат од Европската Унија да се изврши силен притисок врз Србија.

Вучиќ пак неколку пати од тогаш јавно кажа дека Србија нема да го признае Косово, веројатно никогаш.

Тој денеска за Фајненшл Тајмс вели дека одбивањето на ЕУ да започне преговори со Северна Македонија и со Албанија ја оправдува неговата политика на зближување со Русија и Кина.

Британскиот весник наведува дека Србија во петок ќе потпише спогодба за слободна трговија со Евроазиската унија.

-Ние мораме сами за себе да се грижиме. Се друго би било неодговорно, изјави Вучиќ за британскиот медиум.

Би можело да ве интересира

Инаугурацијата на Доналд Трамп преместена во затворен простор поради студеното време

А1он

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Нема да се занимаваме со глупостите на Вучиќ, исполнете ги барањата на студентите, реакција на српската опозиција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Вучиќ побара на референдум да се гласа за можноста за негова смена

Има ли шанси Трамп и Путин да се сретнат во Белград?

А1он

Потврдено: Се подготвува средбата Путин-Трамп

Предраг Петровиќ