Тракија – следниот чекор

Од:

Катимерини – Атина

Оспорувањето на Лозанскиот договор од страна на Реџеп Таип Ердоган е врвот на една ревизионерска политика која методично се забрзува во последниве години. Таа политика не е само за внатрешна употреба. Таа е адресирана и кон меѓународната заедница, а со неа се испраќа предупредување дека Турција нема да се колеба да ги пренесе притисокот на кој е изложена по својата источна граница заради курдскиот проблем, и кон запад и таму да ги истакне своите цели (Балканот, Егејското море) и Тракија, која е традиционално населувана со муслиманско малцинство (турскоговорно, помаци и роми) – кое турската дипломатија се подготвува да ги „турцизира“ искористувајќи ја религијата и јазикот.

Клучните дејствија на таквата полтика се сведуваат на следново:
Прво, до настојчивоста на Анкара за директен избор на муфтии, нешто кое го нема во ниедна исламска држава, дури и во Турција, односно за создавање на политичко-религиозно раководство.

Второ, до повторна појава на последните евроизбори на малцинската националистичка партија ДЕБ, создадена од починатиот независен пратеник Ахмед Садик, кој доминираше во Тракија во 2014 година. Тогаш таа беше прва во областа на Родопите со 41,68 отсто од гласовите, прва во Ксанти – со 25,89 проценти и трета во реонот на Источна Македонија и Тракија со 12,23 отсто.

Трето, до организирање во градот Комотини на 14 мај 2015 година на средба на Европарламентарната група на малцинските партии од ЕУ. На неа, освен воспоставувањето и развојот на европски и меѓународни врски на партијата ДЕБ, беше направен и обид за зближување со некои странски проскопски средини од Македонија, со исламски елементи од Додеканезите, со „чами“ (албански Грци), со организации на исламски мигранти од Атина и Солун, и други.

Четврто, до систематски обиди за изборна манипулација на малцинскиот електорат (со помош на турскиот конзулат, на незаконски муфтии, на турските медуми, на разни финансирања и други извори), со цел зголемување на влијанието на муслиманското малцинство или негова целосна доминација не само во органите на локалната власт, туку и во однос на неговата претставеност во парламентот. А тоа во пракса го искривува слободното демокартско изразување на граѓаните, независно од нивната религиска припадност, и го руши праведното балансирано претставување на христијани и муслимани во вишиот законодавен органи (како што се случи на изборите во септември 2015 година, во областа Родопи, која е претставена единствено од малцински елементи во парламентот). Сличен чекор за отвора вратата за опасни националистички и фундаменталистички изблици во Тракија, која досега била место за мирно сожителство и ефикасна соработка меѓу различни религиозни заедници и култури.

Петто, до симболичото назначување од страна на Ердоган по обидот за преврат на важната позиција министер за внатрешни работи на еден негов искусен соработник, кој многу добро ја познава Западна Тракија, затоа што тој потекнува од Ариана, област на Родопите.

Сето ова заедно со директното или индиректно спомнување на турскиот претседател за „референдум“ во Западна Тракија или за „граници на срцето кои не се совпаѓаат со денешните граници“, води кон една логика за „локално управување во Тракија“ и не остава никакво поле за реакција и независност од страна на Атина.

Кризата од претходните години во Грција доведе до ослабување на пограничните региони.

– во пракса беа укинати сите стимули за развој, од кое како резултат се зголеми невработеноста, а од 2010 наваму долговите од одлабувањето на индустриите во пограничните региони надминуваат 260 милиони евра.
– се намали значењето на Тракискиот универзитет Демокрит, во него беа укинати одделни студии и бројот на студентите, а буџетот се намали од 17,5 милиони евра во 2008 на 5,8 милиони евра денес.
– затворени или со намалена важност беа полициските школи во реонот
– замрзнати беа програмите за етничките Грци кои се тука доселени од други региони и земји
– се распаѓа локалниот пазар заради високите даноци или заради нерамноправна контрола
– во регионот недостасуваат младите луѓе, а најмногу научни работници
-заради сето тоа, по 2011 година радикално се измени промени демографскиот карактер на населението и соодносот меѓу христијани и муслимани, бидејќи нивниот број расте во полза на муслиманите.

Нерамноправноста и грешките кои си ги дозволи државата во последниве години, даваат можност за надворешни мешања во Тракија и се закануваат да го уништат уникатниот модел на едно демократско општество изградено заеднички меѓу христијани и муслимани.

Зголемувањето на геополитичката значајност на Тракија денес како енергетски и трговски центар би можело во следните години да ја врати Грција кон улогата на регионален протагоност или во наследство да му го остави на младото поколение тоа најголемо национално прашање.

Неопходни услови да се случи тоа – и Грција да остане тој регионален протагонист и да биде спречено второто, е да бидат спречени разединувањата, личните страсти и интереси, и тие да бидат заменети со слогиката на национално разбирање.

За таа цел е потребно да се прифати како од владата во Атина, така и од опозицијата предлогот даден во 2014 година за создавање на „меѓупартиска комисија за развој на Тракија“.

Затоа што на крајот Тракија треба да не обедини.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос