Трајковиќ: На Србите во Косово им претстои бурен период

Од:

По вчера оддржаните парламентарни избори во Косово, на Србите им претстои многу бурен период, а еден од предизвиците ќе бидат очекуваните апсења на осомничените за трговијата со органи нa заробени косовски Срби, изјави денеска пратеничката во косовскиот Парламент Рада Трајковиќ за телевизијата Б92.

– Независно од победата на премиерот Хашим Тачи на изборите, речиси сите меѓународни центри зборуваат за апсења по овој повод, а господин Тачи е тоа што се нарекува врвот на пирамидата, рече Трајковиќ.

Таа додаде дека Србите наскоро ќе треба да се зафатат со големи задачи и проблеми, на прво место со формирањето на Заедницата на српските општини, а одлуките во врска со нив нема да минат лесно во косовскиот Парламент.

Според Трајковиќ, Белград во голем степен го исполнил договореното во рамки на дијалогот за нормализирање на односите со Приштина, но што се однесува до Косово, таму „се се спроводува со голем отпор“.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина