Трагедија во Црна Гора: Тројца браќа се убиени во населбата Стар Аеродром

Од:

Тројца браќа од Рожаје се убиени во нивниот дом во Подгорица. Полицијата трага по осомничениот, Вехид Муриќ. Тројно убиство се случи во населбата Стар Аеродром во Подгорица, кога прво беа пронајдени две безживотни тела, а потоа и трето.

Според првичните информации, тројца браќа од Рожаје беа убиени во куќата каде што живееја како станари. Имињата на двајцата браќа се Денис Хот (28) од Рожаје и Незрин Хот (27). Злосторството го открл нивниот роднина кој дошол да провери зошто не се јавуваат. Според локалните медиуми, во тек е потрага по Вехид Муриќ (25), кој е осомничен за убиство на три лица.

– Денес, во Подгорица, во населбата Стари Аеродром, беа пронајдени три тела – тројца возрасни мажи чиј идентитет ни е познат. Службеници на Одделот за безбедност на Подгорица, во соработка со Регионалниот центар за безбедност Север и во координација со надлежното Вишо државно обвинителство во Подгорица, преземаат сите потребни мерки и дејствија за утврдување на сите факти и околности поврзани со овој настан – соопшти Полициската управа.

Според досегашните сознанија на истражителите, овој настан не е поврзан со активностите на криминалните структури.

– Полицијата има информации за идентитетот на осомничениот за извршување на ова кривично дело и интензивно го бара – се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Хорор во Србија: Ја мачел, ја исекол мајка си и деловите од телото ги ставил во замрзнувач

А1он

Aвтобус што превезуваше ученици удри во карпа – тешко повреден е придружникот на патувањето

А1он

Пет земји ставија печат на застојот во преговорите на Црна Гора со ЕУ

Македонката што прегази куче во Црна Гора осудена на 45 дена затвор

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава за убиството во Чаир: Двајца осомничени за смртта на 26-годишникот

Ја уби сопругата додека детето славеше роденден – таа повика полиција еден час претходно

А1он