Тито во 1948. барал азил во Швајцарија, тврдат британски тајни служби

Од:

Јосип Броз Тито во 1948 година побарал азил од швајцарските власти, а тоа е период на судирот меѓу Тито и Сталин, кога во порнаешна Југославија постоеше стравување од советската инвазија, наведува Кит Џефри во неговата книга „МИ-6 Историја на тајната разузнавачка служба 1909-1949“.

Книгата, која го обработува дејствувањето на британската разузнавачка служба беше промовирана синоќа во Белград.

Вршителот на должност амбасадор на Велика Британија во Србија, Дејвид Мекферлејн на почетокот на презентацијата изјави дека кога би се размислило на кого да му се додели задачата да напише книга полна со тајни, логичен би бил изборот на Џефри, кој се смета за еден од најценетите историчари во Велика Британија.

Српскиот историчар Никола Самарџиќ изјави дека „појавата на оваа книга за нашата публика е налик на удар од астероид“.

– Тајните денес се стока, каква што кон крајот на 19. век беа дијамантите, каква што во ’30-те години стана хероинот. Информациите се хероин за глобалната јавност, која во феноменот тајни или полутајни службени и неслужбени информации се обидува да се заштити од реалноста, која не е секогаш во состојба да ја разбере, додаде Самарџиќ.

Книгата е посветена на првите 40 години од основањето на тајната разузнавачка служба во Велика Британија, кој во меѓувреме стана цивилна служба.

– Забележлива е заинтерсираноста на Англија за Блискиот Исток, која таа ја покажала уште во 1580 година. Тоа е едно долго интересирање, како да знаеле дека зад тие пусти предели, лежат одредени богатства, изјави Самарџиќ.

На почетокот на Втората светска војна во разузнавачката служба работеле меѓу 40 и 50 лица. Велика Британија пред се поради своите разузнавачки сили одиграла клучна улога во таа војна.

– Авторот на оваа книга имал шанса да добие мошне вредна документација, која настанала од работата на службата. Голем број документи и хартии, за жал во меѓувреме се уништени. Некои се уништени за да се сочува идентитетот на поединечни агенти. Во оваа книга исто така се чува идентитетот на поединечни агенти, кои во меѓувреме не се откриени, додаде Самарџиќ.

Во врска со случувањата на територијата на поранешна Југославија се споменуваат имињата на некои агенти, кои биле во британската тајна служба, поединечни Југословени, а постои и дел од две страници, кои говорат за Драгољуб Дража Михајловиќ и Јосип Броз Тито и нивниот однос со сојузниците и Германците.

Би можело да ве интересира

Четириесет и три години од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска

Лопушина: Путин не може да има двојник, имаше Тито, а на ВМА се направија шест двојници на Хусеин

Предраг Петровиќ

Погребот на кралицата Елизабета го надмина тој на Тито по посетеност

А1он

Кенет Каунда, херој на Замбија и другар на другарот Тито, почина на 98 години

Жарко Настоски

Четириесет и една година од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска

Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска