Тинејџерките кои заминаа во џихад: Не требаше да се приклучиме во ИСИС

Од:

Босанските тинејџерки Самра Кесиновиќ (17) и Сабина Селимовиќ (15) кои пред шест месеци ги напуштија своите семејства од Виена и заминаа во Сирија, сфатиле за грешката што ја направиле и наводно сакаат што поскоро да се вратат дома.

Се верува дека девојките се омажени за борци на Исламска држава и дека живеат во градот Рака, кој што е под контрола на ИСИС.

Наводно ги контактирале своите семејства и им рекле дека не можат да живеат со милитантите, но дека стравуваат како ќе ги прифати средината од која неодамна заминале во џихадистичкиот „рај на земјата“.

-Кога еднаш ќе заминат, речиси е невозможно да се вратат во Австрија – изјави портпаролот на австриското Министерство за надворешни работи, Карл Хеинз Грандбок.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ИСИС-К планира уште еден терористички напад во следните шест месеци

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски