Тензии меѓу Србија и Унгарија, Вучиќ порача дека никој не смее да фрла солзавец на нивна територија

Од:

Српскиот премиер Александар Вучиќ ја повика ЕУ да го осуди бруталното однесување на унгарската полиција кон бегалците и медиумските работници.

Тој порача дека Србија ќе се однесува одговорно и ќе ги штити своите граѓани и територија и кажа дека во петок е закажана седница на Бирото за координација на службата за безбедност.

Вучиќ за РТС од Вашингтон изјави дека членките на ЕУ мораат да се однесуваат во согласност со европските правила и вредности и ја повика ЕУ веднаш да реагира.

-Србија може самата да ја штити својата територија и националното достоинство и ако биде потребно и од Европската унија ќе ги штитиме европските вредности, рече Вучиќ.

Тој наведе дека Србија не по своја вина е доведена во тешка состојба, но дека никому нема да му дозволи да фрла солзавец на нејзина територија.

На прашање дали очекува посериозна реакција на Вашингтон, Вуќиќ кажа дека за тоа ќе разговара со државниот секретар Џон Кери но и со другите официјални лица на САД.

-Ова мачење, ова неевропско однесување мора да се сопре и ако ЕУ не сака во тоа да земе учество, не е проблем, ако не сакаат да реагираат од Брисел, ќе реагираме ние. Знаеме да се заштитиме и себе и сите европски вредности кои очигледно Европа не е во состојба да ги заштити, рече Вучиќ.

Српскиот премиер посебно ги осуди нападите на новинарите, без разлика на чија територија тие се случиле.

-Во некоја држава некој се гордее со новинарите кои сопнуваат татковци со деца, а ги напаѓаат новинарите кои си ја вршат нивната работа. Тоа повеќе зборува за нив самите, отколку за нас, рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада