Танц со ѕвездите?

Од:

Екатимерини – Атина

Земјата минува низ еден од најкритичните периоди во својата историја. Европа е на прагот на бура и се соочува со големи проблеми. А што правиме ние? Испраќаме една од најлошите банди како членови во Европскиот парламент. Ова го правиме преку директна демократија, преку избори. Не гласавме за академици кои се експерти по европски прашања, не гласавме за луѓе кои ќе ги застапуваат своите ставови по европски форуми; гласавме за водечки личности на теве-демократијата, фудбалери и членови на партија на кои им е малку грижа за европските проблеми и се ментално насочени за партиските активности дома. Потсетете се, ова не беше отсекогаш вака.

Истото, ако не и полошо, се случи во 2012 година. Насочени да го казниме системот, гласавме од „остатоците“ за нашиот парламент. Во тој процес, бевме сведоци како неверојатни карактери го претвораат домот во сцена за фарси. За баксуз, ова не беше единствениот случај во смисла на таканаречени антисистемски партии. Оваа пракса беше исто така прифатена од оние партии кои наводно ја претставуваа средната класа во земјата. Луѓе кои беа активни на државната политичка арена десетина години се неспособни да се сетат на дека било што научиле или слушнале во периодот кога беа во домот од 2012 до 2014 година.

Сега изгледа дека повторно ја правиме истата грешка. Партиите се во потрага по каков било  вид телевизиски личности како кандидиати. Сериозните луѓе се чувствуваат занемарени од политичката арена, освен ако не се изданоци на политички семејства. Се прашувам дали партиските лидери всушност сфаќаат што прават. Можат ли да бидат до тој степен нечувствителни и да бидат неспособни да ја играат улогата која се бара од нивните позициии, и наместо тоа постојано да ги бараат најниските заеднички именители?

Сите сме одговорни за ова: посебно медиумите и телевизиите, кои претвораат ништо во примери и гуруа на јавните дијалози; а останатите ние, се разбира, граѓаните, сме подготвени да ги испратиме најлошите во парламентот за да можеме после да пцуеме по ситуацијата без да се чувствуваме виновни. Ако гласаме за кловнови, медиумски продукти на кои им недостасува способност за проценка, луѓе без биографии и искуство, кого ќе обвиниме за хаосоот во кој самите ќе се најдеме? Кого треба да обвинуваме кога наводно протестираме против клиентелизмот и потоа гласаме за антисистемски кандисати кои исто завршуваат назначувајќи свои луѓе на различни позиции?

Па затоа пред да излезете на гласачките места, одвојте време да истражите за кого планирате да гласате, без разлика на нивната партиска припадност. Погледнете ги нивните биографии, кои треба да бидат објавени на интернет. Мислете логично за оние спецификации кои треба да ги исполнуваат со цел да ве претставуваат. Заборавете на примерите од телевизиите и размислете за вашата и за одговорноста на сите други. Побогу, на 25 јануари нема да гласаме за „Танц со ѕвездите“, туку за оние кои ќе не претставуваат и водат во еден од најважните периоди на земјата.

Би можело да ве интересира

Грчки медиуми: Владата на Мицкоски доби доверба од Собранието – положи заклетва под уставното име

Мицкоски трипати ја нарече неговата земја „Македонија“ пишуваат грчките медиуми

Пеколен одмор во Грција: Се повеќе мртви туристи, температура над 45 степени

Предраг Петровиќ

Жена почина во Полихроно: Во несвестна состојба била извлечена од морето

Германците пресметаа: Одморот во Хрватска е поскап отколку во Шпанија, Грција и Португалија

Речиси четворица од десет Грци сметаат дека Договорот од Преспа е неповолен