Тајни снимки на Милановиќ со бранителите: БиХ е “шит“, Србите се “шака јада“

Од:

Состанокот на екс премиерот на Хрватска, Зоран Милановиќ со претставниците на бранителите е сниман тајно, а сега објавен од страна на “Јутарнји лист“.

На една од снимките, се слуша лидерот на СДП како на бранителите им вика дека досега ќе биле десет пати осудени доколку го правеле преку граница она што Вучиќ гоправел во Хрватска.
Ние им гледаме низ прсти, и тоа е границана толеранцијата на која сум подготвен, да сеправам улав, дека се тоа нормални луѓе кои ги избрал српскиот народ и дека ни се колеги, вели Милановиќ.

Еден од бранителите вели: “Тие се четници…“

Следува монолог на Милановиќ.

Немој да ме тераш на повеќе од тоа. Значи, тие се презентираат овде како некоја дипломатска сила. Тоа се “шака јада“ кои 150 години не знаат дали би оделе во Македонија, Војводина, Босна, Хрватска, Бугарија, не се ниту 10 милиони. Да ти е…м. сакаат да бидат господари на Балканот..Па ве нема доволно, тоа е мал народ, наведува Милановиќ.

Потоа се осврнува на барањето на бранителите хрватската претседателка Колинда Грабер Китаровиќ да организира средба со српскиот премиер, за што тој вика дека тоа би било понижување.

За БиХ вели дека “шит“ и дека е целата во неред, па затоа е најдобро што побрзо да влезе во ЕУ.
Милановиќ по објавување на разговорите кажа дека знаел за снимањето во текот на средбата, дека тоа не е нормално, но сфатил, молчел и се смеел.

Би можело да ве интересира

Милановиќ по средбата со Мицкоски: Европската Унија е неправедна кон Македонија

Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, а Бугарија последна

Милановиќ изјави дека нема да ги почитува одлуките: „Наскоро ќе бидам иден премиер“

Горан Наумовски

Милановиќ за обвинението против Додик: Шмит нема мандат, за да го спаси задникот измислува кривични закони

Николенко: Со изјавата „Крим никогаш повеќе нема да биде Украина“, Милановиќ го доведе во прашање интегритетот на Украина

А1он

Милановиќ го критикува западот: Ние и Србите не се мразевме толку, Русија ја провоцираат од 2014

А1он