Милановиќ по средбата со Мицкоски: Европската Унија е неправедна кон Македонија

Од:

Европската Унија е неправедна кон Северна Македонија. Македонците досега исполнија бројни барања кои се бараа од нив за да ги забрзаат преговорите и влезот во Европската Унија, но и покрај тоа и понатаму се далеку од членство. Сето тоа покажува дека ЕУ нема искрен и чесен однос кон Северна Македонија, порача хрватскиот претседател Зоран Милановиќ кој денеска имаше средба со премиерот Христијан Мицкоски кој е во прва официјална посета на Хрватска.

На средбата, како што информираше Кабинетот на претседателот Милановиќ, потврдено е дека Хрватска и понатаму ќе биде силен поддржувач на Северна Македонија на патот кон Европската унија и ќе се залага за влез во Унијата.

Претходно, иста порака упати и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. На прес-конференцијата по средбата со премиерот Мицкоски, хрватскиот премиер рече дека во изминатите 20 години имаше многу неправди кон Северна Македонија и дека е созреано времето кога сето тоа треба да се респектира.

-Темата која го оптеретува европскиот пат на Северна Македонија по наше мислење е неправедна кон македонскиот народ, македонскиот идентитет. Мислам дека толку остапки се направени од македонска страна што ретко кој народ и држава би прифатила да направи толку исчекори од своја страна за да го забрза својот пат кон членството во Европската унија, изјави Пленковиќ, додавајќи дека треба заеднички да се работи на тоа преговорите за пристапување на Северна Македонија кон ЕУ да започнат што поскоро.

Премиерот Мицкоски рече дека неправдата што ни е е нанесена во изминатите две и пол децении е голема и дека имаме направено отстапки како никој друг на патот кон ЕУ, тргнувајќи од привремената рефренција на името на државата, преку менувањето на знамето и банкнотите, до промената на името на државата со Преспанскиот договор.

– Ние имаме многу внатрешни проблеми и тие ќе ги решаваме и тука не треба да има дилема, ќе работиме колку е потребно. Тоа што не зависи од нас е токму почетокот на преговори. Тоа за жал зависи и од други. Ние направивме доволно сега треба некој да ни ја подотвори врата за да можеме да влеземе во таа просторија за да почнеме да преговараме и да покажеме колку можеме, истакна Мицкоски.

На прес-коинференцијата тој рече дека ние се уште сме во еден вртлог во којшто нема извесен крај, иако желбата на македонските граѓани да бидат дел од семејството на Европската Унија е голема.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски нема

Горан Наумовски

Мицкоски: Исполнуваме клучно ветување – се гради автопатот Скопје – Блаце

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски континуирано нѐ прогласува за економски гигант, а две минимални плати не стигаат ни за една синдикална кошничка

(ВИДЕО) Филипче: Пет години Мицкоски и неговата криминална група ширеа лаги за мене, ме нарекуваа убиец – обвинителството ја кажа вистината

Горан Наумовски

Мицкоски: Скандалозна одлука – 14 лица загинаа, а предметот за модуларната болница е затворен

Горан Наумовски