Тачи: Од Путин добив поддршка за дијалогот со Србија

Од:

Претседателот на Косово Хашим Тачи објави денеска дека се сретнал со неговиот руски колега Владимир Путин, кој му изразил поддршка во напорите за постигнување конечен договор со Србија.

Средбата се држала во Париз, каде што Тачи и Путин беа меѓу бројните светски лидери кои присуствуваа на церемонијата за одбележување на 100-годишнината од крајот на Првата светска војна.

– Во Париз првпат се сретнав со претседателот на Русија, Владмир Путин. Дијалогот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија и можноста за постигнување сеопфатен и законски обврзувачки договор беа главниот фокус на нашиот разговор. Во врска со ова прашање претседателот на Русија беше јасен: „Доколку вие (Косово и Србија) постигнете мировен договор, Русија ќе го поддржи тој договор“, напиша Тачи на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск

Кремљ: Путин останува отворен за разговори со Трамп, тоа може да се случи многу наскоро

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: По драматична потрага пронајдени петтемина исчезнати во Србија, ги немаше четири дена

Катерина Ѓуровски