Тачи: Не очекуваат тешки денови во односите со Србија

Од:

Косовскиот претседател Хашим Тачи во вторникот изјавил дека Косово во односите со Србија го очекуваат „тешки денови“ и дека потребна е „политичка и граѓанска мобилизација во спротивставувањето на таквите активности на Србија“, пренесуваат српските медиуми.

„Сите треба да се мобилизираме, како политички, така и во граѓанска смисла да се соочиме со притисоците кои Србија ќе ги врши над Косово, бидејќи нивниот план е поделба на Косово и присоединување на северот на Србија. Ние тоа никако нема да го дозволиме“, рекол Тачи во изјава за агенцијата Бета.

Косовскиот пртседател додал дека Косово на овие притисоци и провокации ќе се спротвстави преку уставни решенија и ќе ги користи сите расположиви уставни и законски можности. „Тоа денес јасно ќе им го кажеме и на претставниците на ЕУ, и нема да дозволиме во прашање да се доведе територијалниот интегритет и суверенитет на Косово“, рекол Тачи во пресрет на состанокот помеѓу српската и косовската делегација во Брисел.

Тачи оценил дека нема потреба двете земји да се враќаат на договорот за нормализација на односите од 2013-та година, од кога некои договори се остварени а некои се во фаза на спроведување, туку дека треба да се гледа напред и да се стори се што е можно за нормализација на односите помеѓу двете земји. Според него Србија треба да престане „со тешките провокации против Косово, како што се потерниците за апсење, возот и ѕидот во Митровица“.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија