„Сулејман“ преговараше со Ердоган

Од:

Преговорите на актерот Халит Ерген Ергенч, познат како Сулејман Величенствениот и премиерот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган траеа цела ноќ, за да подоцна и двајцата влезат во судир.

Еден од активните учесници во протестите во Турција од самиот почеток е Ергенч.

Самиот тој беше присутен при полицискиот напад на паркот Гези и беше во групата која што преговараше со премиерот.

Наводно тој побарал Ердоган да им излезе во пресрет на учесниците на протестот, на што премиерот му одговорил дека тој е Сулејман и знае како тоа оди во Турција.

-Не може со милост да се владее. Каде би биле, кога сите наши лидери би попуштале секому-истакнал Ердоган.

На крајот турскиот премиер оставил одлуката за понатамошна изградба на трговскиот центар и можноста за референдум да ја донесе судот.

sulejman-4juni

Ергенч во Турција е мегапопуларен и до овие протести беше политички неактивен.

Освен во преговорите Сулејман, многу често се појавува и во првите редови на протестите.

Неговите изјави дека Турција мора да биде држава на човековите права, која мора да ги почитува различностите и правата на другите, добија одговор од другата страна.

sultan-sulejman1

-Кој си ти, самонаречен Сулејмане? Како ти можеш да ни држиш предавање?-се само дел од изјавите кои што му ги упатија некои колеги, симпатизери на владеачката партија.

Навредливи транспаренти се појавија и на митингот кој што го организираше премиерот во Анкара.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски