Судот во Старзбур ја казни Албанија со над два милиона евра

Од:

Европскиот суд за човекови права во Стразбур ја казни Албанија со над два милиони евра, поради непочитување на правото на сопственост.

Како што пренесува весникот „Панорама“, одлуката на Судот се однесува на процесот „Делвина против Албанија“ во кој станува збор за имот на семејството Делвина од 1600 квадратни метри на кој се наоѓа италијаската Амбасада во Тирана. Албанските судски органи донеле на сопствениците да им се исплати компензација, но тоа досега не е сторено.

Владата наместо пари на сопствениците им нудела компензација со друго земјиште, но тие не се согласиле и ја тужеа државата пред Судот во Старзбур, кој во 2011 година донесе одлука дека Албанија го пекршила правото на сопственост и предложи страните да се договорат за компензација.

Но, албанската Влада се оглушила на ваквата судска одлука, па спствениците повторно ја тужеле Албанија пред Судит во Стразбур.

Врз оснва на последната одлука од Судот, албанската Влада на подносителите на тужбата треба да им исплати 2.022.400 евра како надомест за одземено земјиште, како и 3.500 евра на име судски трошоци.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек