Судии, експерти и студенти на најголемиот настан за кривичари во регионот во Дубровник

Од:

Од 11 до 17 март во хрватскиот град Дубровник ќе се одржува семинарот „Превенција на криминалот преку казненото право и безбедносните студии“. Семинарот, кој секоја година се одржува во Дубровник, изминатите години се етаблираше како регионално најзначаен годишен семинар во областа на казненото право. На овој значаен настан секоја година се собираат еминентни професори по кривично право од регионот и од светот кои, исто така, се и предавачи на семинарот.

Помеѓу нив се имињата на Хозе Луис де ла Квеста, поранешен претседател на Меѓународното здружение за казнено право, Хауард Рос Кабот од Универзитетот во Аризона, кој ги застапувал затворениците од Гвантанамо пред американските судови, потоа Ханс-Јерг Албрехт во својство на директор на Институтот Макс Планк за меѓународно казнено право, Серж Брамерц, главен тужител на Меѓународниот казнен трибунал за бивша Југославија, Албин Езер, поранешен судија во овој трибунал.

Основач и главен директор на овој семинар е професорот Давор Деренчиновиќ од Правниот факултет во Загреб и претседател на Академијата за правни науки на Хрватска и потпретседател на ГРЕТА (Групата на експерти за акција против трговијата со луѓе при Советот на Европа).

Проф. д-р Александар Маршавелски е негов координатор, вели дека со години се залага на семинарот да има и предавачи и учесници од Македонија кои се вклучени во современите меѓународни академски дискусии.

Сите заинтересирани студенти (додипломски и постдиплоски) може да пријават за учество на овој настан, сите информации се достапни на https://www.pravo.unizg.hr/KP/crimeprevention или директен контакт до координаторот на курсот: [email protected]

На семинарот за оваа година предавачи ќе бидат професорката Беса Арифи и д-р Џемали Саити – судија на Врховниот суд на РМ и претседател на Здружението на судиите на РМ.

Би можело да ве интересира

Уапсен e пратеникот Јосип Дабро

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

Доставувач на Волт врши нужда во ходникот на зграда во Хрватска

Предраг Петровиќ

85 училишта во Хрватска добија исламистички закани, во истрагата се вклучи и Европол

Конечна пресуда: Иво Санадер не е воен профитер