Грција ќе ги исплати своите долгови и нема да продава острови, изјави министерот за финансии Јанис Стурнарас во интервју за германскиот весник „Билд“, цитирано денеска од весникот „Елефтеротипија“.
Стурнарас категорично ја отфрли веројатноста од ново преструктурирање на грчкиот долг во текот на 2013 година, но предупреди на огромните последици што ќе ги има еврозоната од евентуалниот банкрот на Кипар.
Оваа веројатност воопшто не треба да се расправа, бидејќи домино ефектот за Грција и цела еврозона ќе биде немерлив.
-Сигурен сум дека Кипар може да биде спасен, додаде грчкиот министер за финансии.