Грчките банки од денеска почнуваат повторно со работа

Од:

Грчките банки од денеска би требало одново да бидат отворени откако веќе три недели не работеа, но и понатаму ќе важат лимитите за подигнување пари и ќе биде спроведена контрола на капиталот.

Со уредба на Владата утврдено е лимитот за подигнување пари во една недела да биде 420 евра, а дневниот лимит и понатаму ќе биде 60 евра.

Тринеделниот прекин во работата на банките може да ја чини државата дури три милијарди евра, не сметајќи ги неостварените приходи од туризмот.

Грција денеска треба да ги претстави и првите предлози за модернизација на администрацијата додека во сила влегува и зголемениот ДДВ (од 13 на 23 отсто), што беше еден од условите од кредиторите пред да почнат преговорите за новиот план за економски спас.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пукање во Грција: Многу полициски сили на терен; шест лица загинаа

Грчките студенти најавуваат нови протести од септември против укинувањето на студентскиот имунитет

Ќе издржи ли кабинетот на Ципрас да го спроведе договорот со кредиторите?

Ана Ололовска

Оштетени канцеларии на Сириза и Независни Грци во Атина

Емир Латифовиќ

Меимаракис: Денеска е ден за празнување

Емир Латифовиќ

Германија жали што нема договор, но не губи надеж за Грција

Емир Латифовиќ