Ќе издржи ли кабинетот на Ципрас да го спроведе договорот со кредиторите?

Од:

Вима – Атина

Можеби конечно беше направен првиот конкретен чекор за да се доведе до крај проверката на грчката програма од страна на кредиторите, но и покрај тоа остануваат доста нешта да бидат реализирани за подобрување на климата на стабилност во економијата и воопшто во земјата.

Освен реалните болни мерки кои го содржи договорот, потпишан меѓу владата и кредиторите за пакетот предвидени реформи од програмата за спас, со што се пробива патот за ослободување на следната транша од заемите за економски спас, за значаен дел од Грците реализацијата договорените регулативи да бараат и најактивно учество на скоро целата владина екипа.

Болните мерки во рамките на тој договор се очекува да бидат изгласани во парламентот до 15 мај. Но тоа не е доволно за да се избегне несигурноста која Грција ја преживува во последниве месеци.

Очигледно е дека не е доволно и според правилата задолжителното прифаќање на барањата на европските кредитори и ММФ.

Впрочем, тоа веќе се виде и во претходните години кога економските мерки исто беа изгласувани, но потоа тие не се исполнуваа заради политички или партиски разидувања.

Грците е уморни и очајни, а во такво општество земјата тешко дека би се соземала без почеток на некој разумен и прифатен со целосен консензус реформаторски план и без политичари решени да го исполнат до крај и по секоја цена.

Досегашните обиди на управувањето од страна на партијата СИРИЗА покажува дека во моментов нема таква склоност. Како што впрочем констатираше Биротоза буџетѕ во парламентот во својот извештај, „на маса е ставена судбината на целата програма“.

– Досега не е сосема јасно дали доцнењата, избегнувањата, недејствувањето и разногласијата во однос на реализацијата на преземените ангажмани во рамките на меморандумот влијаеле врз грчката економија и не и дозволиле да тргне напред“.

Истиот тој орган дури и предупреди за „опасноста Грција да остане воп воздухот, тоест да остане не само без пари од таа програма, туку и да се исправи пред дилемата или да договори со Европскиот механизам за стабилизација еден нов посуров меморандум за финансирање, ако земјата не успее да излезе на пазарите во 2018 година, или со сигурност ќе дојде до банкрот и драхмата ќе се врати, што пак ќе доведе до реален колапс“.

Новите саможртви кои Грците сега треба да ги понесат се на границата на нивното трпение затоа што нема повеќе место за ситнопартиски игри и забушавање заради идеолошки поделености.

Издржливоста на сите е исцрпена до досегашните бескрајни договарања и пазарења со кредиторите, кој секога доаѓаат до едно и исто нешто – до се покрути мерки.

Можеби сега е последната шанса за Грција да се врати кон својот нормален ритам и таа шанса не смее да биде пропуштена.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пукање во Грција: Многу полициски сили на терен; шест лица загинаа

Грчките студенти најавуваат нови протести од септември против укинувањето на студентскиот имунитет

Оштетени канцеларии на Сириза и Независни Грци во Атина

Емир Латифовиќ

Меимаракис: Денеска е ден за празнување

Емир Латифовиќ

Грчките банки од денеска почнуваат повторно со работа

Емир Латифовиќ

Германија жали што нема договор, но не губи надеж за Грција

Емир Латифовиќ