Студија: Уште десет години самотија за Западен Балкан

Од:

Процесот за членство во Европската унија на држави од Западен Балкан ќе трае најмалку уште десет години, бидејќи по приемот на Хрватска ќе почне период на долготрајна пауза, се вели во анализа „Десет години самотија“, направена од експерти за ЕУ од Берлин.

Во анализата се вели дека кога станува збор можностите држави од регионот да станат членки на ЕУ, ентузијазмот во членките на ЕУ не е намален по почетокот на кризата во еврозоната.

– Во одделни држави како Германија и Франција укажано е на недоволна зрелост на кандидатите за членство во ЕУ како и на ограничената способност на Унијата да прими нови членки. Во момент кога некои држави од ЕУ се соочуваат со закани од државен банкрот и кога меѓу жителите на ЕУ опаѓа нејзиниот углед, доминира став дека не би било одговорно ЕУ да прифати врз себе проблематични случаи“, сметаат авторите.

Како една од новините се истакнува се почестата разлика меѓу државите членки во ставовите во врска со дополнителните услови за државата која сака членство.

Авторите порачуваат дека само стратегија која поттикнува процес за членство може да обезбеди Унијата да остане важен политички играч во регионот и кога е неопходно да се осмислат мерки кои на државите-кандидати јасно им покажуваат економски и политички поени од европската интеграција.

– Нужно е јакнење на секторска интеграција за да може државите-членки во одредени политички области да може да имаат ист третман како членки на Унијата при што би морале да се обврзат дека во тие домени ќе прифатат правни текови на ЕУ, се вели во заклучок од студијата.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат

Драматично предупредување на словенечки метеоролог: На Балканот стигнува нова суперклеточна бура

Катерина Ѓуровски