Стотици демонстранти се собраа во Истанбул и Анкара на годишнината од протестите во паркот Гези

Од:

Стотици демонстранти денеска, сепак, се собраа во Истанбул и Анкара за да ја одбележат првата годишнина од протестите во паркот Гези, соопштија турските медиуми.

Демонстрантите се собраа на улиците на двата најголеми турски града и покрај повиците на властите да не се организираат протести.

Полицијата досега привела 32 демонстранти, кои се обиделе да стигнат до истанбулскиот плоштад Таксим, соопшти весникот на англиски јазик „Хуриет дејли њуз“.

Група млади се обиделе да организираат протестна акција и пред влезот на паркот Гези. Младите седнале на влезот и почнале да читаат книги, но биле протерани од полицајците, информира ИТАР-ТАСС.

Активисти од младинските организации на многу пешаци во Истанбул им поделија маици со натписот „Гези – една година“.

Весникот „Хуриет“ посочува дека полицијата на кратко ги привела и дописникот од Турција на американската телевизија Си-Ен-Ен Интернешенел Ајван Вотсон и неговата екипа, додека во живо известувале од плоштадот Таксим.

„Хуриет дејли њуз“ информира дека членовите на турската Заедница на лезбејки, хомосексуалци, бисексуалци и транссексуалци излегле на улиците на Истанбул со намера да стигнат до плоштадот Таксим.

По улиците на мегаполисот се собираат и фановите на фудбалскиот клуб Бешикташ.

Група архитекти и екоактивисти, кои се против плановите за реконструкција на паркот Гези, посочија дека ќе организираат протестна прошетка до Таксим и покрај забраната на властите, посочуваат американските медиуми.

Турската полиција утринава го блокира пристапот до Таксим, а во попладневните часови беше затворен и паркот Гези, што се наоѓа до плоштадот.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски