Столтенберг: Турција е доволно моќна и нема побарано помош од НАТО

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, денеска изјави дека Турција е доволно моќна и оти нема доставено барање за воена поддршка од Северноатлантската алијанса.

– Турција има многу моќна војска и безбедносни сили. Поради тоа нема барање за некоја значителна поддршка од НАТО, посочи Столтенберг.

На барање на Турција утре во Брисел се повикани амбасадорите на 28. земји-членки на НАТО на консултации поради порастот на тензии меѓу Анкара и исламистичката Исламска држава од една страна и од друга страна со курдските бунтовници.

Столтенберг истакна и дека е задоволен што Анкара одлучно се ангажирала во борбата против ИД, додавајќи оти кога се бомбардираат позициите на Курдската работничка партија (ПКК) „самоодбраната мора да биде соодветна“.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година