Столтенберг: Многу жалам за цивилните жртви од бомбардирањето на СР Југославија во 1999 година

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска на прес-конференција во рамки на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на Северната Алијанса, истакна дека многу жали за цивилните жртви од бомбардирањето на НАТО на СР Југославија во 1999 година. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Столтенберг посочи дека целта на тоа бомбардирање било да се заштитат цивилите.

– За жртвите од бомбардирањето, ќе кажам дека жалам многу за тоа оти целта на воената операција во 1999 година беше да се зашитат цивилни животи и тоа беше нешто што не требаше да се случи. Моето сочувство до тие кои ги загубија блиските и членовите на своите семејствата – истакна Столтенберг.

Во однос на можноста Црна Гора да стане членка на НАТО, генералниот секретар на Алијансата рече дека ситуацијата е непроменета за проширувањето. Според Столтенберг, за тоа дали ќе се покани Црна Гора да се приклучи на Алијансата ќе се одлучи до крајот на годината.

– Имаме интензивни и фокусирани разговори со Црна Гора и истите се одвиваат и се уште сме во процес на овие разговори. Северноатлантскиот совет на НАТО ќе одлучи за тоа подоцна.Но гледаме прогрес во безбедносниот и разузнаваачкиот сектор, како и во владеењето на правото во земјата. Ќе оцениме и ќе направиме проценка до крајот на годината на состанок на минситри за надворешни работи и очекувам министрите до декември да донесат одлука за членство на Црна Гора – посочи Столтенберг.

Политичка партија на ниво на Европа, со најбројна парламентарна група во Европскиот парламент и Самитот на ЕПП е можност за запознавање на политичките лидери со актуелните случувања, напорите кои се вложуваат на полето на интеграциските процеси и поддршка во остварување на стратешките цели.

Би можело да ве интересира

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада