Столтенберг и Лајчак: Трајно политичко решение во регионот е заеднички интерес на НАТО и ЕУ

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска во Брисел разговараше со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, за аранжманот за деескалација на тензиите во северно Косово и рече дека „НАТО и ЕУ имаат заеднички интерес.за трајно политичко решение во регионот “.

„Мисијата на КФОР предводена од НАТО ќе продолжи да обезбедува сигурна и безбедна средина и слобода на движење. НАТО и ЕУ имаат заеднички интерес за трајно политичко решение во регионот”, напиша Столтенберг на Твитер, објавувајќи фотографија од средбата со Лајчак.

Лајчак денеска присуствува и на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел.

Вчера, по постигнувањето на договорот меѓу Србија и Косово, НАТО објави дека мисијата на КФОР ќе игра фундаментална улога во обезбедувањето негова ефикасна имплементација, пренесува Бета.

Белград и Приштина постигнаа договор на 30 септември за деескалација и понатамошни чекори за решавање на кризата во северно Косово, предвидувајќи специјални косовски полициски единици да се повлечат од премините Јариње и Брњак на 2 октомври и истовремено косовските Срби да ги отстранат барикадите.

КФОР ќе распореди своите сили на премините Јариње и Брњак пред почетокот на истовремената акција и ќе остане таму две недели, додека од 4 октомври, како привремена мерка, режимот на налепници на табличките ќе се применува се до постигнувањето трајно решение.

Исто така, планирано е формирање работна група со претставници на Европската унија, Белград и Приштина, чија цел ќе биде да се најде трајно решение за прашањето на регистарските таблички.

Би можело да ве интересира

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Мелони: Праведен мир во Украина е можен само ако НАТО им даде гаранција за безбедност

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп